Линкови за пристапност

Како да се постапува со децата во време на пандемија?


Како да се постапува со децата во време на пандемија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:39 0:00

Глас на Америка: Како целата оваа ситуација со корона вирусот се одразува врз најмладата популација бидејќи најмногу работете со децата?

Билјана Манасова - Јовановиќ: Јасно е дека пандемијата многу влијаеше на динамиката на нашиот живот. Се се промени, како кај нас возрасните, така и кај децата. На почетокот децата и немаа некој голем страв, во однос на она што се случуваше околу нив, некои дури се радуваа и за прекинувањето на наставата и неодењето на училиште. Но како времето одминуваше, и како неизвесноста се повеќе и повеќе растеше кај возрасните, таа иста анксиозност и неизвесност се пренесе и кај децата. Така да кај децата почна да се појавуваат некои негативни емоции, како стрес, досада, вознемиреност, лутина, тага, зголемена нервоза, како и агресивност кај некои дечиња, бидејќи постои некое пореметување на нивното структуирано време, и сега се појавува неструктуирано време, а кај некои деца се појави и осаменоста и почеток на некоја блага депресија. Тука доаѓаат и разочарувањата кај некои дечиња, бидејќи многу деца не можат да си ги прослават нивните родендени, да се дружат и да одат на училиште и самата таа интеракција која училиштето им ја дава е изгубена.

Глас на Америка: Што очекувате понатаму да се случува бидејќи претпоставките се дека оваа пандемија ќе потрае повеќе време?

Билјана Манасова - Јовановиќ: Тоа сигурно ќе влијае, бидејќи времето поминато со другите деца е клучен и многу важен момент.= од растењето на децата, врските кои децата ги прават со врсниците, каде заедно учат за довербата, соработката, лојалноста, како и тоа дека добиваат поддршка, едно со друго детенце. Ние сме убедени дека на денешно време, на децата им се доволни само компјутери, телефони, меѓутоа нивната припадност која ја имаат заедно со своите врсници, и во дружењето, гради социјални вештини. На децата исто им е непријатно носењето на маски како и на возрасните и тоа секако дека им претставува товар, што е реално, бидејќи сакаат слободно да си играат. Мислам дека оваа ситуација, ќе остави некои емоционални последици, во емоционалното и социјално функционирање на децата, бидејќи пред се во моментот, кај родителите и целата популација, постои страв и неизвесност, што и не е така добра атмосфера за растење.

Глас на Америка: Колку ќе биде тешко на најмладата популација да се врати на нормалното, по завршувањето на пандемијата, односно да се врати на она на што претходно биле научени?

Билјана Манасова - Јовановиќ: Се зависи враќањето во таа нормала, од родителите и од самиот систем. На децата многу лесно ќе им биде, ако им кажете тргнете ги маските и ајде сега се враќаме на старото и одењето на училиште. Но стравувам дека ако оваа ситуација продолжи, децата ќе почнат да прават некои свои, односно да формираат навики, како што е дружењето преку мобилни телефони или компјутерите. Ние секако дека живееме во такво време, меѓутоа таа скала ќе се подигне. И тој социјален дел ќе им недостасува и тоа е главниот проблем, кој децата ќе го имаат.

Глас на Америка: Што предлагате вие, како да продолжи да се живее во оваа ситуација, односно како и децата и родителите да се прилагодат на целиот овој момент?

Билјана Манасова - Јовановиќ: Да се биде родител во време на пандемија секако дека е потешко. Кај родителите покрај зголеменото чувство на стрес и вознемиреност, тие имаат и намалена толеранција на фрустрација, што значи дека конфликтите дома ќе бидат малку почести. Единствено што на децата им треба е да се чувствуваат сигурни и безбедни, покрај родителите. И затоа односот на родителот со децата не треба да се менува, туку да остане автентичен, да му се дадат на детето искрени одговори. Од друга страна, да му се потврдат неговите чувства и да се разговара за тоа. Бидејќи колку ние родителите ќе се снаоѓаме во ова ново нормално време, тоа ќе биде пример за нашата најмлада генерација, како да научат од нашите одговори.

Глас на Америка: Сте имале ли во изминатите неколку месеци, додека трае пандемијата, ситуации на родители, на деца, кои побарале помош од вас, а кои се нашле во незавидна ситуација, поради сето ова што се случува?

Билјана Манасова - Јовановиќ: Генерално родителите лошо се снаоѓаат во оваа ситуација, бидејќи имаат поголема одговорност од вообичаената, па многу родители се загрижени за својата егзистенција, како и за здравјето на своите деца и своите родители. Големи прашања добивам за анксиозноста, и за тоа дека се исцрпени родителите и на кој начин да реагираат со своите деца. Бидејќи некои деца поради зголемената вознемиреност кај родителите, понекогаш и не спиеле. Така да најмногу на што се жалат родителите тоа е исцрпеноста и грижата за своите деца.

XS
SM
MD
LG