Линкови за пристапност

Трамп и Бајден во тесна трка за претседателската функција


Двајцата тврдеа дека предничат со бројот на гласови во неколку битни сојузни држави

Американскиот претседател Доналд Трамп и демократскиот предизвикувач Џо Бајден беа во тесен натпревар за четиригодишен мандат во Белата куќа, рано во средата, додека националниот исход на изборите зависи од неопределените гласови во клучни држави на политичката битка.

„Имајте верба, ќе победиме“, им рече Бајден на поддржувачите во близина на неговиот дом во Вилмингтон, Делавер, додека тие свиреа со автомобилските сирени.

Сепак, додека броењето на гласовите продолжи во неколку клучни држави каде тој заостануваше зад Трамп, Бајден предупреди, „Треба да бидеме трпеливи“.

Од Белата куќа, Трамп испрати порака на Твитер, „Водиме на големо, но тие се обидуваат да ги украдат изборите“. Твитер ја означи пораката со назнака дека содржи информација „што е проблематична или заведувачка“.

Немаше извештаи за гласање откако биле затворени гласачките места според планираното, но броењето на гласовите продолжи во раните часови во среда.

Во вторникот навечер, Трамп и Бајден ги освоија државите како што очекуваа за освојување на мнозинство од 270 изборни гласови во 538-члениот Изборен колеџ што одредува кој ја добива претседателската функција во индиректната форма на демократија во земјата, а не преку гласовите на населението.

Но резултатот од натпреварот во неколку држави - Северна Каролина, Џорџија и Пенсилванија на источниот дел на земјата, Мичиген и Висконсин на средниот запад и Аризона на југозапад -- не беа решени додека официјалните лица пребројуваа милиони гласови, од кои некои дојдоа во вторникот, но многу повеќе во неделите на рано гласање.

Националниот победник се одредува преку резултатот во секоја од поединечните 50 сојузни држави и главниот град Вашингтон, со тоа што секој победник во таа држава ги добива сите изборни гласови со исклучок на две, помалку населени сојузни држави каде победниците во поединеечнитее конгресни дистрикти влегуваат во игра. Најголемите држави имаат најмногу изборни гласови и најголемо влијание во Изборниот колеџ.

XS
SM
MD
LG