Линкови за пристапност

Ураганот Зета ќе удри во Луизијана со ветрови од 140 км/ч


Ураганот Зета треба да пристигне на американското копно, на брегот на Мексиканскиот Залив, во текот на денот откако претходно го погоди полуостровот Јукатан во Мексико каде донесе обилни врнежи.

Метеоролозите од Националниот центар за урагани велат дека бурата може да го крене нивото на водата и до три метри кога попладнево ќе пристигне на брегот на Луизијана.

Се очекува Зета да формира и торнада додека се движи по копното.

Ураганот во моментов има ветрови кои достигнуваат брзина од 140 километри на час, а се очекува дека ќе зајакне пред да удри на брегот.

Гувернерите на Луизијана, Алабама и Мисисипи прогласија вонредни состојби во нивните сојузни држави за да го олеснат справувањето со последиците.

Зета е 28-та именувана бура во оваа невообичаено активна сезона на урагани. Од септември метеоролозите започнаа да ја користат грчката азбука за именување на бурите, втор пат во историјата, откако со тропската бура Вилфред беа потрошени имињата од списокот кој вообичаено се користи, каде името на секоја нова бура започнува со нова буква.

XS
SM
MD
LG