Линкови за пристапност

Експерти од СЗО очекуваат поголема смртност од Ковид-19 на есен


Првиот човек на европскиот оддел на Светската здравствена организација (СЗО) вели дека во октомври и ноември очекува зголемување на бројот на смртни случаи поради Ковид-19.

Во интервју за АФП Ханс Клуг вели дека „ќе стане потешко, во октомври и ноември ќе видиме поголема смртност.“

Клуг исто така предупреди дека вакцината нема да значи крај за пандемијата. „Цело време слушам дека вакцината ќе биде крајот на пандемијата, се разбира дека нема да биде“ вели тој.

„Се уште не знаме дали вакцината ќе делува за сите групи од населението. Имаме некои сигнали дека ќе помогне на една група, но не и на друга. Ако треба да се нарачуваат различни вакцини тоа ќе биде логистички кошмар“ вели тој.

Клуг вели дека крајот на пандемијата ќе биде „моментот кога сите како заедница ќе научиме да живееме со пандемијата“/

Во светот има повеќе од 29 милиони случаи на Ковид-19 и повеќе од 924 илјади починати.

Во неделата СЗО регистрираше рекордно зголемување од 307.930 нови случаи. Претходниот рекорд беше од 6-ти септември со 306.857 случаи.

Рекорден број на смртни случаи е регистриран на 17-ти април кога починале 12.430 луѓе.

САД имаат најголем број на случаи, повеќе од 6 милиони. Следат Индија со 4.8 милиони и Бразил со 4.3 милиони, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

XS
SM
MD
LG