Линкови за пристапност

Отстранувањето на конфедерациските споменици во САД може да биде отежнато


Отстранувањето на конфедерациските споменици во САД може да биде отежнато
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

Отстранувањето на конфедерациските споменици во САД може да биде отежнато поради наследниците на имотот, на кои тие споменици се поставени. Таков е случајот со споменикот на генералот Роберт Ли во Ричмонд.

Овој плоштад во Ричмонд, Вирџинија, некогаш му оддаваше почит на Роберт Ли, командант во Армијата на Конфедерацијата, кој се борел да го одржи ропството за време на Граѓанската војна во САД.

Споменикот на Ли сега стана и симбол на движењето „Црните животи значат“, благодарение на демонстрантите кои оставија нивен печат.

Постојат различни сфаќања за оваа статуа, и за тоа што таа претставува.

Другите конфедерациски споменици се отстранети од локалните власти како резултат на протестите летово.

Но, остранувањето на споменикот на Ли е отежнато поради донатор, одамна починат, што не дозволува да се почитува наредбата на гувернерот на оваа сојузна држава.

Земјиштето на кое е кренат споменикот било дадена на сојузната држава во 1890-тите, токму за да се изгради овој споменик.

Еден од наследниците на сопственикот на земјиштето, вели дека отстранувањето на споменикот е против волјата и намерата на неговиот прадедо.

Професорката Тејт вака го толкува правото во врска со случајот:

Судот би можел да одлучи локацијата да ја врати на наследниците на донаторот. Во таква ситуација, Тејт верува дека градот би можел да го преземе приватното земјиште во интерес на јавна корист, и за тоа да ги обештети наследниците.

Прашањето е што ќе се случи со спомениците во таков случај?

Дали споменикот на Ли во Ричмонд ќе стане историја, останува да се види.

XS
SM
MD
LG