Линкови за пристапност

И покрај пандемијата САД ќе одржат традиционална прослава за 4-ти Јули со огномет


Администрацијата на Доналд Трамп не се откажува од плановите да одржи традиционална прослава со огномет за 4-ти Јули во главниот град Вашингтон и покрај пандемијата на Ковид-19.

Плановите за прославата „Поздрав до Америка“ кои беа објавени во средата вклучуваат и прелети на воени авиони над центарот на градот како и испукување на 10 илјади огномети поставени во должина од 1.6 километри.

Одделот за внатрешни работи апелираше посетителите да држат соодветно растојание меѓу себе, а ќе бидат поделени и 300 илјади заштитни маски за сите што ќе сакаат да земат.

XS
SM
MD
LG