Помошта од Европската Унија доаѓа во период на вториот бран на ковид-19 што ја зафати земјата. Од денеска на располагање се дополнителни 8 респиратори кои се дел од 4 милиони евра што Брисел ги намени за итна медицинска асистенција.
„На овој начин ЕУ ја демонстрира солидарноста со вашата земја, солидарност на дело. Исто така, одвоивме 40 милиони евра за економските последици од Ковид-19, договорен е ѝ заем од 160 милиони евра. “, изјави амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Самуел Жбогар.
Овие нови респиратори одат во болниците во екот на заразата – денеска се регистрирани 120 новозаболени што е рекорд од почетокот на коронакризата. Сепак, здравствените власти се оптимисти дека ситуацијата видно ќе се подобри со новите рестриктивни мерки што стартуваат од денеска.
Активно се работи на терен, со семејствата на заразените, станува збор за познати кластериВенко Филипче
„Активно се работи на терен, со семејствата на заразените, станува збор за познати кластери. Се донесе одлука да има рестрикција во движењето, сметам дека тоа ќе придонесе за подобрување на сликата кон крајот на идната недела.“, вели Венко Филипче, министер за здравство.
За дел од владата пикот на заразата се должи на ширењето на лажните вести наспроти реалните факти за Ковид-19.
„Непочитувањето на рестриктивните мерки не е причина, туку е последица на тоа што граѓаните ја изгубија вербата во опасноста што ја носи вирусот поради ширењето лажни вести“.
„Имаме случаи кога роднини се јавуваат и ни велат да не им ги ставаме родителите на респиратори зашто има уверувње дека ако луѓето влезат на Инфективна клиника, оттаму, нема живи да излезат.“Бујар Османи
„Имаме случаи кога роднини се јавуваат и ни велат да не им ги ставаме родителите на респиратори зашто има уверувње дека ако луѓето влезат на Инфективна клиника, оттаму, нема живи да излезат.“, коментира Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции.
Поради огромниот број новоинфицирани владата пак го воведе полицискиот час – тридневен за Скопје, Куманово, Штип и Тетово и делумен од 16 часот до 5 часот изутрина за останатиот дел од земјата.
Facebook Forum