СКОПЈЕ - Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести во целост и од утревечер повеќе од половина држава оди во тродневен, осумдесет часовен карантин. Министерот за здравство Венко Филипче, предмалку на прес конференција, соопшти дека одлуката се носи поради брзото ширњена вирусоти кластерите што се должи на непочитување на мерките односно на групирање и не носење на заштитни маски.
„Заради спречување на ширење на вирусот во и надвор од овие региони, се воведува целосна забрана за Скопје, Куманово, Тетово и Штип. Се забранува посета на гробишта не целата територија на државата. Овој нов бран е директна последица на непочитување на пропишаните мерки но и неказнување од МВР“, кажа Филипче.
За овие четири критини општини забраната за движење почнува во четврток во 21 часот и ќе трае до понеделник до 5 часот наутро. За сите останатите општини во држа вата за време на продолжениот викенд полицискиот час ќе почнува од 16 часот и ќе трае до 5 часот наутро.
Филипче објасни дека Скопје мора да биде затворено иако само неколку општини се жаришта бидејќи станува збор за целина и да се спречи протокот на луѓе од една општина во друга и со тоа да се спречи евентуалното ширење на заразата.
Тој потенцираше дека со овој нов, втор бран, треба на сите да им е јасно дека мерките мора да се почитуваат и со тоа да им се помогне на здравствените работници и здравствениот систем како и институциите да го редуцираат ширењето на коронавирусот.
„Се надевам дека сега и на последните скептици им е јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да замине и е закана за секој што не почитува. И по одржани стопрес конфренеции еден дел од граѓаните не ја прифаќаат реалноста. Ние здравствените работници, Владата и институциите не можеме да направиме ништо без граѓаните. Одговорно тврдам дека сите мерки беа прецизни медицински издржани и навремени. Дадоа резултат а доказ за тоа се стабилните општини“, рече министерот Филипче и додаде дека единствено граѓаните се тие кои што не може да се контролираат во целост.
Тој нагласи дека здравствениот систем не смее да се оптерети.
Во последните три дена се регистрирани единаесет жртви и 266 случаи на новнозаболени од кои речиси сите се во критичните скопски општини, Тетово, Куманово и Штип каде вирусот се шири меѓу работниците од текстилната индустрија.
Facebook Forum