Повеќе од 5,8 милиони лица во светот се заразени со КОВИД-19, а има над 360.000 смртни случаи.
Некои држави почнуваат со олеснување на рестрикциите, кои беа воведени да се спречи ширењето на коронавирусот, додека, истовремено, бројот на заразени се зголемува во многу места.
Америка засега е епицентар на заразата. САД имаат повеќе од 1,7 милиони заразени, додека Бразил се наоѓа веднаш зад нив, со повеќе од 438.000 случаи.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, предупреди дека пандемијата би можела да предизвика „незамислива штета и страдање низ целиот свет“.
Тој укажа на голема невработеност, доколку владите сега не преземат превентивни мерки.
„Развиените држави најавија нивни пакети за помош, бидејќи можат. Но, се` уште не видовме доволна солидарност со државите во развој, да им се понуди итна помош која им е потребна“, рече Гутереш, на виртуелен состанок со 50 светски лидери.
Facebook Forum