СКОПЈЕ - Комисијата за заразни болести на денешната седница одлучила да побара од Владата целосно да се укине забраната за движење, односно полицискиот час, државните граници да се отворат од наредниот понеделник - 1 јуни а кафулињата, кафеаните и рестораните да почнат со работа од средината на оваа недела.
Неофицијално, за полицискиот час кој беше воведен на 22 март, постои и опцијата да биде скратен и да почнува од 21или 22 часот пред целосно да биде укинат. Барањето на Комисијата се должи на фактот што се повеќе граѓани не ја почитуваат оваа мерка исто како и онаа за забрана за групирање.
За отварањето на границите посочениот датум е 1 јуни, но без прецизни информации околу тоа дали ќе бидат потребни тестови и кои протоколи ќе важат за македонските а кои за странските државјани. Министерот Филипле минатат недела изјави дека како опција се разгледува како услов за влез во државата да биде приложен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.
За угостителските објекти препораката е да почнат со работа утре или најдоцна задутре, да работат само терасите и летните бавчи. Според првичните протоколи кои без делумно објавени секоја маса ќе треба да зафаќа простор од речиси 10 метри квардратни, ќе може да седат најмногу четворица, мора да има оддалеченост од најмалку еден и пол метар меѓу масите, средства за дезинфекција на масите и лица задолѓени за спроведување на гостите за да не се создава гужва.
Владата закажа седница во 16 часот на која ќе се разгледуваат препораките на Комисијата и ќе се донесе конечна одлука дали и кога ќе се овторат границите и угоститеските објекти и дали и понатаму ќе има полициски час и колку ќе трае.
Facebook Forum