СКОПЈЕ - Кој е ставот на Комисијата за заразни болести околу најавите за одржување на парламентрани избори во јуни или јули засега не е познат. Министерот за здравство, Венко Филипче на дешената прес конфренција не даде прецизен и конкретен одговор дали се согласува да се одржат избори или не. Тој кажа дека сите параментри укажуваат дека епидемијата се држи под контрола и претстои мирен период.
„Изборите, сите тие процеси и овие мерки кои ги носиме и предвидувањата кои ги даваме се врз основа на анализите кои ги правевме досега и параметрите кои ги анализиравме досега . Пред нас е мирен период.Резултатите се видливи од рестриктивните мерки. Според дискусијата, сознанаијата и предвидувањата сметаме дека пред нас е период во кој може да се изменаџира овој евентуален број на пациенти со кој мое да се сочиме и малите варијации“, рече министерот Филипче.
Комисијата за заразни болесгти ќе достави предлог до Владата за олабавување на рестриктивните мерки и постепено отварање на трговските центри, автошколите, кафулињата и рестораните, финтес центри.
„Неделава да се отворат и да се вратат во функција центрите за едукација, обука и семинари на возрасни, организација на седници за органи за управување , автошколи, испитни центри, спортски центри на отворено за индивидуални спортови и затворени трговски центри однонсо молови без угостителска дејност“, објасни Филипче.
Во предвид е наредната недела да се препорача отварање на угостителските објекти каде што би работеле само терасите и би имало самопослужување, да се дозволи спортски тренинзи на отворено за колективни спортови а во последната недела од овој месец да се отворат и хотелите, фитнес клубови, теретани и базени.
Полицискиот час оставнува на сила и нема да биде укинат. Филипче најави дека е можно скратување на траењето, без да прецизира кога би почнувал, но и оваа мерка би се донеласледната недела.
„Во однос на времето и полицискиот чес ќе дискутираме на седницата на Владата со оглед на тоа дека е можно со олабавување на мерките некои економски опертатори кои се враќаат во работа да биде потребно редефинирање на полицискиот час но тоа по седницата на Владата . Засега нема стрикна препорака полицискиот час да се скрати“, изјави Филипче.
Комисијата за заразни болести очекува дека наредните два месеци ќе биде период во кој ќе има значајно намалување на ширење на вирусот. Индикациите на кои се темелат овие прогнози се силно изразените посткарантински ефекти кога беше ограничено движењето, затворењето на границите и спрелување на имортирање на случаи, случаите со локална трансмисија кои се под максинална контрола, фактот што белодробните епидемии најчесто траат 8-12 недели, а во државата веќе е 11та недела и очекувањата дека високите температури ќе придонесат да се намали преносот на вирусот.
„Во периодот кој претстои се очекува стабилизација на ширењето на вирусот меѓутоа сме свесни исто како и нашите анализи така и акализите во многу други земји дека целосно исчезнување на вирусот е тешко да се очекува. Држењето на новозаболени под контрола и капацитетеите на болниците во добра состојба е исклучително битно во секој момент“, нагласи Филипче.
Од утре почнува скринигот на вработените во градинките, близу две илјади лица, и во текот на идната недела ќе треба да се изготви протоколот за работа, однонсо критериумите и мерките, и тие повторно да бидат ставени во функција.
Околу најавениот протест против полицискиот час кој тсе организира преку социјалните мрежи а треба да се одрѓи во сабота Филипче кажа дека би сакал да се види со организаторите.
„Искрено се надевам дека граѓаните се свесни дека овие рестриктивни мерки, оној целосно затворен викенд за Велигден, сериозно долгиот полициски час неколку недели. После тоа соодветното димензионирање на полицискиот час во викендите што следеа, практично нè донесоа до тоа да имаме многу малку пациенти. Знам дека е тешко и им благодарам на граѓаните и им честитам што издржаа, заради тоа што тоа беше вистинска инвестиција во сопственото и во колективното здравје“, изјави министерот.
Задолжителниот 14 деневн карантин за македонските државјани кои се враќаат назад останува а за отварањето на границите и начинот на кој би се патувало допрва ќе има координација меѓуминистрите за здравство од соседните земји.
Во последните 24 часа се регистрирани 10 новозаболени од коронавирус, петмина оздравени пациенти и една жртва. Станува збор за почина пациент од Делчево на 60 годишна возраст, кој бил хоспитализиран на Инфективната клиника на 29 април.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 1.674 од кои оздравени се 1.205, починаа 92 лица а во моментов има 377 активни случаи. Најмногу активни случаи има во Скопје - 131, во Прилеп се 59 случаи а во Велесе еден помалку. Во моментов во Куманово има 46 заболени од коронавирусот. Според официјалните информации во десет градови во државата нема ниту еден активен случај.
Facebook Forum