Линкови за пристапност

Жителите на Дебар петти ден во изолација


Жителите на Дебар петти ден во изолација
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Од кризниот штаб велат дека постојано апелираат до граѓаните, да бидат мирни и да бидат во своите домови

Празни улици, страв и несигурност. Што понатаму? Ваква е состојбата во Дебар откако градот неколку дена живее живот во карантин и тотална изолација, поради ширењето на корона вирусот. Африм Кркути, жител на Дебар, преку Скајп за Гласот на Америка вели дека помеѓу локалното население постои загриженост од евентуално зголемување на бројот на заболени, но оти сите се свесни за моменталната ситуација.

„Сигурно дека не е лесно да се живее деновиве во Дебар, да се затвориш во својот дом, да се откажеш од секојдневните навики и активности. Но, кога се мора се е можно, заради личен интерес и интерес на најблиските. Страв и загриженост има кај народот, но и една голема одговорност кон исполнување на препораките, дадени од Владата“, вели Кркути.

Кркути вели дека движењето низ градот е сведенo на минимум.

„Од домовите се излегува само за набавка на храна или за некоја итна потреба. Полицијата врши контрола низ градот, но скоро и незабележлива, бидејќи професионално си ги извршува своите задачи“, вели тој.

Снабдувањето со храна и други материјали во локалните продавници се врши според строгo утврдени процедури. Oд кризниот штаб велат дека состојбата во Дебар и Центар Жупа е мирна.

„Црвениот крст заедно со штабот ги идентификува сите потреби на терен на граѓаните и на истите им ги исполнува нивните потреби со прехранбени материјали и лекови. Ние цело време апелираме до граѓаните, да бидат мирни, да бидат во своите домови“, вели Или Мирзо, портпарол на општински кризен штаб.

Кркути објаснува дека Дебар и дебарчани низ историјата покажале дека секогаш излегуваат како победници во разни ситуации. Така очекува да биде и овој пат.

„Блиску е месец април, месец на многу празници и се надеваме дека ќе ја поминеме оваа ситуација за да заедно ги славиме и Рамазан Бајрам и Велигден и на крај сите заедно да ја славиме победата над ова светско зло“, вели тој.

Од кризниот штаб во Дебар велат дека институциите се на ниво на својата должност и ги преземаат сите мерки за справување со оваа состојба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG