Линкови за пристапност

Одделот за правда отвори истрага против истражителите за мешањето на Русија


Одделот за правда започна истрагата на истражителите кои испитуваа дали постои евентуална вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година.

Њујорк Тајм прв извести за ова во четвртокот.

Новиот развој на настаните му дава можност на главниот обвинител да испрати судски покани до големата порота.

Главен обвинител во кривичната истрага е Џон Дурам.

Специјалниот советник Роберт Мулер на почетокот на годината во својот извештај за евентуално руско мешање наведе дека нема доволно докази за да се утврди дека кампањата на претседателот Доналд Трамп соработувала со Русија.

Мулер, сепак, наведе дека не може да го ослободи Трамп од наводите и го предаде предметот на главниот правобранител Вилијам Бар, кој рече дека не нашол докази за злоупотреба.

Трамп повеќе пати првичната истрага на Одделот за правда за евентуално мешање на Русија ја нарече „лов на вештерки“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG