Линкови за пристапност

Убиениот новинар Џамал Кашоги прогласен за личност на годината на „Тајм“

Џамал Кашоги, саудискиот новинар што беше брутално убиен во конзултатот на Саудиска Арабија во Истанбул е меѓу лицата прогласени за Личности на годината од страна на магазинот „Тајм“.

Изборот вообичаено се однесува на лице или група лица што биле светска тема и што имале влијание врз глобални настани. Годинава, како што објаснуваат од „Тајм“ изборот паднал на „борците за вистината“.

Покрај Кашоги, за Личности на годината се прогласени и луѓето од магазинот „Капитал Газета“ од Анаполис, Мериленд. Петмина од тимот на овој магазин беа убиени во напад што во јуни се случи во просториите на медиумот.

Чест ѝ е дадена и на новинарката од Филипини, Марија Реса, што беше уапсена под обвинение за даночно затајување, како и на новинарите на „Ројтерс“, Ва Лоне и Куа Сое О, кои речиси една година беа во затвор во Мијанмар.

Магазинот „Тајм“ во известувањето за изборот ги додаде и статистиките од Комитетот за заштита на новинарите. Според податоците, 262 новинари во 2017 година завршиле во затвор. Се стравува дека таа бројка годинава ќе биде поголема.

This item is part of
XS
SM
MD
LG