Линкови за пристапност

Трамп се закани со укинување на субвенциите за Џенерал моторс


Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги укине субвенциите за Џенерал моторс (GM) откако компанијата најави дека ќе затвори неколку од своите погони во САД и ќе отпушти околу 14.000 работници.

Во објава на Твитер, Трамп соопшти дека е разочаран од одлуката на Џенерал моторс за затворање погони, како и дека неговата администрација размислува за повлекување на субвенциите доделени на автомобилскиот гигант, меѓу кои и тие што се наменети за производство на електрични возила.

После коментарите на претседателот, акциите на компанијата паднаа за 3,5 проценти.

Во соопштение испратено вчера, компанијата најави обемна трансформација што треба да опфати поголеми инвестиции во производството на електрични возила.

Намалената побарувачка на возилата од типот седан и трговските политики на администрацијата на Трамп се одразиле врз автомобилскиот гигант. Од компанијата се пожалија дека тарифите за челик, воведени на почетокот од годинава, ги чинеле една милијарда долари.

XS
SM
MD
LG