Линкови за пристапност

Притвореник од Гвантанамо доби доживотна казна затвор


Притвореник од Гвантанамо доби доживотна казна затвор
Притвореник од Гвантанамо доби доживотна казна затвор

Федералниот судија ги одби повиците на адвокатите на Танзаниецот Ахмед Гаилани за поблага казна.

Првиот притвореник од Гвантанамо на кој му се суди во еден цивилен суд доби доживотна казна затвор.

Федералниот судија ги одби повиците на адвокатите на Танзаниецот Ахмед Гаилани за поблага казна. Адвокатите наведуваа дека тој бил мачен во затвор од страна на ЦИА, како и дека им дал на американските власти вредни разузнавачки информации.

Гаилани беше осуден за вмешаноста во бомбашките напади врз Американските амбасади во Кенија и Танзанија во 1998-та година, кога загинаа 224 лица, од кои 12 Американци.

Федерална порота во ноември го осуди Гаилани по само една точка на обвинението, за заговор за уништување на американски имот, а го ослободи од обвиненијата во останатите 284 точки.

ЦИА го држела Гаилани две години во Пакистан, пред да биде префрлен во американскиот притворен центар Гвантанамо на Куба.

XS
SM
MD
LG