Линкови за пристапност

САД најавија драстично кратење на учеството во буџетот на ОН


Одлуката е одговор на неодамнешното гласање против САД

САД најавија значително намалување на придонесот во буџетот на ОН. Мисијата на САД во седиштето на ОН во Њујорк, соопшти дека ќе намалат повеќе од 285 милиони долари за следната фискална година.

Но, во најавата не се прецизира каков ефект ќе има врз придонесот на САД во мисиите на Светската организација.

„Нема повеќе да се дозволи да не биде возвратена великодушноста на американскиот народ или трошењето да биде неконтролирано“, оцени американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.

Ваквиот потег следи откако претседатателот Доналд Трамп се закани дека ќе ја скрати помошта за секоја земја која ќе гласа против неговата одлука да го признае Ерусалим како главен град на Израел.

Амбасадорката Хејли испрати писмо до преку 180 држави, со предупредување дека Вашингтон ќе преземе мерка против сите кои ќе гласаат против САД.

Како потсетување, гласањето во Генералното собрание на ОН на 21-ви декември, не беше во полза на САД - осудата на американската одлука беше усвоена со 128 спрема 9 гласа, со 35 воздржани, а 21 земја не учествуваше во гласањето.

САД се најголем донатор на ОН и партиципираат со 22 отсто од годишниот буџет на Светската организација.

И Македонија беше една од 128 земји кои што гласаа против одлуката на Вашингтон, да се релоцира американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG