Линкови за пристапност

Трамп: По 25 години преговори со Северна Кореја, нема резултат


Претседателот Трамп во понеделникот изјави дека обидите на САД да се справат со Северна Кореја, немаат успех повеќе од две децении

„Нашата земја неуспешно преговара со Пјонгјанг веќе 25 години, трошејќи милијарди долари за ништо. Политиката нема резултат“, изјави Трамп преку Твитер.

Најновите коментари на првиот човек на САД ги намалија шансите дека можно е поттикнување на долгогодишната политика на САД кон запирање на развојот на нуклеарното оружје на Северна Кореја, без конфронтации.

Во саботата, Трамп напиша дека поранешните американски претседатели разговарале со лидерите на Северна Кореја, со, како што рече, „договори и огромни суми на пари..., а тоа воопшто не функционира, договорите биле прекршени пред да се исуши мастилото“.

Не е јасно што точно Трамп сака да каже со ваквата изјава, но коментарите укажуваа на тоа дека тој се повикува на воена акција.

Претседателот Трамп неколку недели има жестока реторика со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, велејќи дека САД ќе ја „уништат“ Северна Кореја доколку е потребно, за да се заштитат, и да ги заштитат нивните сојузници.

Претходно, Северна Кореја спроведе бројни ракетни и нуклеарни тестови, вклучувајќи и лансирање ракетни проектили над Јапонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG