Линкови за пристапност

Нова технологија за десоленизација на водата


Според Светската здравствена организација, три од десет лица немаат чиста вода за пиење

Да се има пристап до чиста вода за пиење, е предизвик во многу делови на светот, без разлика дали тоа е место каде водата е реткост, или ја има во изобилство.

Светската здравствена организација смета дека три од десет лица на глобално ниво, се’ уште дома немаат безбедна вода за пиење.

Американскиот Оддел за енергетика, најави дека ќе обезбеди средства во износ од 15 милиони долари за проекти за развој на технологија за десоленизација, со цел да создаде слатка вода по пониска цена. Дури и пред објавувањето, истражувачите работат на подобрување на ваквиот процес.

„Можеме да земеме каков било квалитет на вода, што може да ја направиме во кој било степен на квалитет, а единствениот вистински предизвик или ограничување кое треба да се надмине, е колку чини и колку енергија е потребно за да се постигне тоа“, вели Ерик Хек, ко-основач и главен извршен директор на Water Planet Inc.

Пречистителните станици за вода воглавно се управувани од електрична енергија. А, поевтин извор на енергија е сонцето.

„Она што се менува во последните пет до десет години, соларната енергија е се’ поевтина“, додава Хек.

„Сонцето изгрева и заоѓа. Кога изгрева добивате енергија, кога заоѓа немате. Она што ви е потребно е континуирана база за што ви се потребни батерии, кои можете да ги полните во текот на денот, а да ги исклучувате навечер, а цената на батериите се уште е прилично висока“.

Килин Ли на Универзитетот „Рајс“ гради систем за бигор кој користи сончева енергија со апликации за вода за пиење за „индивидуални домаќинства или мали заедници кои живеат во оддалечени локации, особено оние кои немаат пристап до водоснабдување од општините и немаат стабилно снабдување со електрична енергија. Оваа технологија може да биде идеална“, вели Ли.

Речиси 30 проценти од светското население, се’ уште нема доволно чиста вода за пиење, а истражувачите ќе продолжат да работат на изнаоѓање на бесплатна енергија за чиста вода.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG