Линкови за пристапност

Опасност од кибернетски напади во САД


Разузнавачките служби предупредуваат дека информатичките и комуникациските мрежи во земјата се ранливи

Без разлика дали се вмешани во претседателските избори во САД или имаат пристап до отпечатоци од околу шест милиони федерални работници, американските официјални лица предупредуваат дека евентуален кибернетски напад врз САД може да биде надополнет со повеќе одмазнички напади.

И покрај тоа, одредени држави, терористи и другите противници кои ги напаѓаат САД во кибернетскиот простор, најверојатно ќе се соочат со последици од „реалниот свет“, според политиката на претседателот Доналд Трамп.

„Мислам дека она што ќе го направиме за противодбрана е да пронајдеме начин и метод да ги примениме елементите на националната власт надвор од кибернетиката, да го казниме лошото однесување“, изјави советникот за домашната безбедност Том Бозерт, на конференцијата за национална безбедност во Вашингтон.

„Има многу малку причини да се верува дека навредувачкиот кибернетски напад ќе има влијание врз одвраќање на сајбер-противникот“, додаде тој. „Всушност, тоа ќе ги охрабри да побрзаат и да станат подобри хакери и да развијат подобра одбрана“.

Можеби уште поважно, до овој момент, САД гледаат малку докази за да ја поддржат идејата дека кибернетскиот одговор ќе направи многу за да го промени однесувањето на противникот.

„Гледате колку е тешко проблемот да изврши притисок врз диктаторот на Венецуела или, пак, во режимот на Северна Кореја“, рече Бозерт.

На Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, се гледа како на закана кон САД во кибернетскиот простор. Владини американски лица изразија загриженост во врска со трката за дигитално вооружување.

Босерт во средата ја предупреди Кина да не ги користи своите владини ресурси за шпионирање на американски компании, пракса којашто Пекинг се согласи да ја намали, согласно договорот во 2015-та за време на мандатот на претседателот Барак Обама.

„Сакаме да ги потсетиме Кинезите, да останат во духот на тој договор“, рече Бозерт. Тоа е нешто што не можеме да го толерираме и што тие ветија дека нема да го сторат“.

Заштита на американските мрежи

Разузнавачките служби на САД предупредуваат дека информатичките и комуникациските мрежи на оваа земја се ранливи на напад, а најверојатно ќе бидат и годините кои следат. Сегашната администрација вели дека презема чекори за решавање на ситуацијата.

Само минатиот месец претседателот Трамп го одобри планот за долгорочно време да се создаде целосно независна американска кибернетска команда, со цел да се подобрат сајбер-операциите на земјата против низа противници, вклучувајќи ја и терористичката организација Исламска држава.

Во моментов, американската сајбер-команда е придружена од Агенцијата за национална безбедност, која првенствено е одговорна за собирање на телефонски, интернет и други разузнавачки податоци од целиот свет.

„Оваа нова унифицирана борбена команда ќе ги зајакне операциите во кибернетскиот простор и ќе создаде повеќе можности за подобрување на одбраната на нашата земја“, се вели во писмено соопштение на претседателот Трамп, велејќи дека промената „ќе помогне да ги увериме нашите сојузници и партнери но, и да ги одвратиме нашите противници“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG