Линкови за пристапност

Венецуела на крстопат - и покрај најавите за санкции од САД


Венецуела продолжува да ги спроведува плановите за избор на членови на уставно собрание и покрај заканите за нови санкции од страна на САД.

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Самуел Монкада ги нападна САД заради противење на специјалните избори кои треба да се одржат на 30-ти јули.

„САД веќе не се закануваат со санкции кон поединци, тие се закануваат врз севкупното население со економски унилатерални санкции, кои се сосема незаконски. Тоа е груба злоупотреба и нарушување на меѓународното право, што е неприфатливо,“ рече Монкада.

Тој додаде дека односите Венецуела - САД сега се под ревизија.

Заканата со санкциите дојде откако венецуелската опозиција започна, како што самите велат, со „конечна офанзива“ со цел претседателот Николас Мадуро да распише предвремени претседателски избори.

Опозицијата за утре повикува на целодневен генерален штрајк, надевајќи се дека ќе изврши притисок врз Мадуро за да се повлече од плановите за ревидирање на Уставот.

На необврзувачкиот национален референдум кој беше организиран од опозициските групи, речиси една третина од вкупниот електорат во државата го повика Мадуро да се откаже од идејата за избор на специјално собрание, кое треба да изготви нов устав.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG