Линкови за пристапност

Двојазичноста не` прави посилни


Двојазичноста не' прави посилни
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Стружани се гордеат со програмите кои ги учат децата на соживот од мали нозе

Ученици, Mакедонци и Aлбанци, во Основното училиште Браќа Миладиновци од Струга најмалку еднаш во месецот учествуваат во заеднички работилници во кои учат како да се почитуваат, дружат и соработуваат, а со цел да ги надминат јазичните и верските бариери кои постојат во средината во која живеат. Во тоа им помагаат наставниците Валентина и Урим.

„На тие часови ги делиме во групи кои не се чисто етнички, туку се измешани. Кога едниот наставник зборува на својот јазик, другиот веднаш преведува и обратно. Македонските ученици ги повторуваат тие зборови на албански и албанските учениците ги повторуваат на македонски“, вели наставничката Валентина Новаковиќ.

Во овие работилници учениците од различни етнички заедници се запознаваат меѓусебно преку традицијата, носијата, религијата“, вели наставникот Урим Села.

Двојазичноста во Струга не е нова работа. Се практикува со години. Пример за тоа се овие дечиња кои уште од мали нозе го учат јазикот на другиот.

Слични активности се спроведуваат и во средното училиште Нико Нестор. Тука функционира клуб на медијатори каде што учениците работат на решавање на конфликти.

„Целта е да ги доближиме нашите ученици и да им помагаме во решавање на нивните конфликти. Земаме двајца ученици, еден Албанец, еден Македонец, ги седнуваме на маса и ги охрабруваме да го решат конфликтот. Тие зборуваат и на албански и на македонски, а имаме и преведувачи“, вели Јехона Насуфи, училишен психолог.

„Нико Нестор го живее она што се нарекува мултиетнички живот. Ние се трудиме секојдневно да научиме по некој збор за да може понормално да комуницираме“, вели вели Никола Затуроски директор на Нико Нестор.

Учениците велат дека проектите во кои учествуваат им помогнале да се чустуваат еднакво.

„Ние комуницираме на јазикот на нашите врсници и овој проект ни овозможува да имаме подобри односи. Зборуваме на македонски јазик за да им е полесно на нашите врсници Македонци “, вели Ферзије ученичка во Нико Нестор.

„Комуницираме и подобрена е ситуацијата за разлика од порано“, вели ученикот Николче.

„Мислам дека не е проблем да се знае албанскиот и тоа може да помогне во разбирањето“, вели ученикот Иван.

Во рамките на училиштето постои и мултиетнички хор, се одржуваат и заеднички часови со користење на двата наставни јазици, се прават заеднички екскурзии, прослави и приредби. Тоа, велат тие, ги прави уште посилни.

XS
SM
MD
LG