Врховниот суд во Велика Британија донесе пресуда во вторникот дека парламентот мора да го одобри планот за излез на земјата од Европската Унија.
Претседателот на Врховниот суд Дејвид Нејбергер, ја објави одлуката 8-3, велејќи дека таа била базирана врз основа на ставот на излегувањето од ЕУ со кое од двете страни се прекинуваат, изворот на британскиот закон и промена на правата кое ги уживаат британските граѓани.
Премиерката Тереза Меј може да побара да ја искористи извршната власт за повикување на членот 50 од Договорот со ЕУ, со цел да се започне со повлекувањето од Унијата.
Јавниот обвинител Џереми Рајт изјавил дека одлуката на владата ќе биде во согласност со „направи го сето она што може да се имплементира“.
Гласачите на Велика Британија минатата година преку референдум се изјаснија позитивно за излез од ЕУ.
Рајт во вторникот рекол дека донесувањето на одлуката на гласачите сега е политичко, а не правно прашање.