Линкови за пристапност

Неизвесност во ЕУ од идните односи со САД


Европските политичари се вознемирени поради пораките на Доналд Трамп на Твитер и стравуваат дека напишаното, ќе го реализира и во пракса

Европските влади бараат начин како да се справат со предвидувањата за изјавата на Доналд Трамп изминатиот викенд во интервју за два европски весници, и дали можат да бидат применети во новата политика на САД.

Европските лидери се надеваат дека, како се приближува инугурацијата на Трамп, новоизбраниот претседател ќе ја ублажи реториката дека, Европската Унија и НАТО се „застарени“.

Тие сметаат дека Трамп ќе го промени ставот и погледот спрема НАТО и со тоа ќе се доближи до ставот на неговите номинирани луѓе за националана безбедност како што е секретарот за одбрана, генералот Џејмс Матис, кој во Сенатот минатата недела го обвини претседателот на Русија Владимир Путин, дека сака да ја прекине соработката со Западната алијанса. „Доколку денеска го немавме НАТО, ќе требаше да го создадеме,“ изјавил Матис.

NATO
NATO

Но, Трамп повторно ја обнови критиката спрема НАТО и Европската Унија во неговото интервју за лондонскиот Сандеј Тајмс и германскиот весник Билд. Ставот на Трамп за НАТО е „контрадикторен од она што американскиот секретар за одбрана го кажа на сослушувањето во Вашингтон пред неколку дена,“ се пожалил германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер.

Европските лидери имаат различни ставови како да му пријдат на Трамп, а воедно не се согласуваат како може да дојде до расплет со доаѓањето на администрацијата на милијардерот. Дали неговите пораки кои ги објавува на Твитер би можеле да се имплементираат дирекно во политиката?

„Почекај, па види што ќе правиш“ е стратегијата која треба Европа да ја следи, доколку сака да има корист од сето тоа.

Angela Merkel and Donald Trump
Angela Merkel and Donald Trump

Германската канцеларка Ангела Меркел која инаку е позната по својот цврст став, не сакаше да коментира премногу во врска со интервјуто, и не одговори директно на изјавите на Трамп, дека нејзината политика за бегалците била катастрофална.

Меркел исто така ја игнорирала и поддршката која Трамп ја даде за Брегзит и разрешувањето од ЕУ кое може да биде и „превозно средство за Германија“.

„Кога тој ќе седне во претседателската фотелја, што во моментов тоа не е случај, ќе работиме со новата американска влада и тогаш ќе видиме какви договори ќе постигнеме,“ додала Меркел.

Но, други европски лидери мислат дека треба да се притисне силно врз новоизбраниот претседател на САД.

European Union foreign policy chief Federica Mogherini
European Union foreign policy chief Federica Mogherini

Во понеделникот веднаш уште на почетокот на состанокот на Министрите за надворешни работи на ЕУ, шефицата за надворешна политика Федерика Могерини истакна дека европските влади треба да се држат понастрана од нуклеарниот договор со Иран, за кој договор Трамп изјавил дека ќе го расцепка на парчиња. „Тоа е доказ дека дипломатијата функционира,“ додала таа.

Но, не сите веруваат дека Трамп може да се промени и да биде поумерен.

„Се надевам дека Конгресот, па дури и со мнозинство на републиканците, ќе донесе некои граници и ограничувања на подолг рок,“ рече заменик - претседателот на Бундестагот, Ула Шмит. Пратеник на Социјал демократската партија, пак, изјави „Се надевам дека човекот не ја менува канцеларијата, но канцеларијата може да го промени човекот.“

За време на претседателската кампања, Трамп предупреди дека САД можеби и нема да го поддржат НАТО освен ако тоа е неопходно. Во последното негово интервју пред неколку дена тој го повтори истиот став околу ова прашање, што може да се забележи дека неговите гледишта нема да се променат.

„Секој кој смета дека Трамп ќе биде поумерен откако ќе биде назначен за претседател на САД, ќе се разочара,“ изјавил пратеникот на Социјал демократската партија, Рајнер Арнолд.

Исто така, и претседателот на комисијата за надворешни работи на германскиот парламент, Норберт Ротген се прашува дали Трамп верува во идејата за Западот. „Можеби, може да се каже дека во реалноста на неговото размислување, Западот воопшто не постои,“ додал Ротген за едно јавно германско радио. „Дали ЕУ е поделена или не, дали НАТО е таму или не е, тоа нема никаква важност за него. Тоа е застарено за него, во секој случај.“

На Далечниот Исток, меѓу државите кои се блиску до Русија, постои страв дека Кремљ може да го предизвика НАТО на овие места уште поенергично отколку во минатото. „Ако Трамп оди назад тогаш тоа ќе биде покана Путин да оди напред,“, вели загрижениот руски експерт за контрола на вооружување на Кралскиот институт во Лондон, Игор Сутиагин.

US-Ukraine Flags
US-Ukraine Flags

Украинските лидери се вознемирени поради податокот дека Трамп нема да направи договор со Москва околу нивното прашање. Во интервјуто за време на викендот Трамп изјавил дека можно е да бидат укинати санкциите спрема Русија во замена со договор за намалување на нуклеарното оружје.

Украинскиот претседател Петро Порошенко побара санкциите да останат на сила спрема Русија се додека го држи како заложник Крим уште од 2014-та година и им се дава поддршка на проруските бунтовници во источна Украина. „Украина е свесна дека не е само Москва непријателот, туку сите оние кои имаат демократски вредности, се непријатели на Москва. Одбраната на Украина е одбрана на вредностите на слободниот свет,“ рече тој.

Donald Trump and Vladimir Putin
Donald Trump and Vladimir Putin

Она што е алармантно, е тоа дека може да дојде до средба на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин.

Според лондонскиот Сандеј Тајмс, првото патување како претседател на Трамп надвор од неговата држава ќе биде во Исланд, на самитот каде најверојатно ќе има средба со Путин, пред да се сретне со било кој од НАТО лидерите.

Помошниците на Трамп ги негираат ваквите планови, но британските власти за Гласот на Америка ја разбираат загриженоста која му се дава на самитот и средбата Трамп-Путин, која ќе се случи за неколку недели.

XS
SM
MD
LG