Линкови за пристапност

Пред неделната претседателска дебата


Гласачите и аналитичарите се` уште дебатираат за учинокот на дебатата на потпретседателските кандидати

По потпретседателската дебата, фокусот веќе е свртен кон втората претседателска дебата помеѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп која ќе се одржи во неделата во Сент Луис, Мисури.

Според некои експерти и со истражување на јавното мислење, републиканецот Мајк Пенс е во кратко водство пред демократот Тим Кејн по единствената потпретседателска дебата.

Кејн го држеше Доналд Трамп во центарот за време на 90 минутната дискусија.

„Не можеме да имаме некој кој ќе не води, и кој ја навредува секоја група за која што зборува и не можам да поверувам дека гувернерот Пенс ќе ја брани навредливата кампања која ја води Доналд Трамп.“

Пенс често избираше да ги игнорира нападите врз Трамп и да се фокусира на Хилари Клинтон:

„Ситуацијата во Сирија на која сме сведоци секој час е резултат на пропадната и слаба надворешна политика на оваа администрација во чие создавање помогна и Хилари Клинтон.“

Неверојатно е дека потпретседателската дебата ќе промени нечие мислење, вели аналитичарот Остин Харт:

„Мислам дека демократите посакуваа малку повеќе агресија кон Доналд Трамп, но мислам дека на републиканците им се допадна смиреноста и стабилноста на гувернерот Пенс.“

Со фокус на втората претседателска дебата во неделата, Трамп веќе сигнализираше поагресивен пристап, шегувајќи се со пневмонијата на Хилари Клинтон.

„Таа треба да се справува со сите тие различни нешта, а таа не може да изоди ни 5 метри до нејзиниот автомобил. Ви се молам.“

Водството на Клинтон се зголеми по првата дебата, и веројатно е дека таа ќе акцентира согласноста во следното соочување со Трамп:

„Моето мислење е дека ние веќе сме големи, дека работиме заедно, и ќе постанеме поголеми во годините што доаѓаат.“

Следната дебата му дава на Трамп можност да ја рестартира трката, вели Метју Далек:

Ако тој може да поправи некои од своите одговори, покаже поголемо познавање и да не покажува лутина во очите како во првата дебата. Тоа може да биде многу различно.

Но Трамп исто така треба да биде подисциплиниран во дебата и да избегнува напади преку Твитер кон критичарите, вели конзервативниот коментатор Фред Барнс:

„Колку повеќе зборува за тоа, тоа му оди на штета. Тоа е порака која можете да ја наречете негативна.“

Следната дебата Клинтон - Трамп ќе биде организирана како јавен собир каде кандидатите ќе одговараат на прашањата од модераторите и гласачите кои се поканети да учествуваат на настанот.

XS
SM
MD
LG