Републиканскиот и демократскиот претседателски кандидат Мајк Пенс и Тим Кејн ќе се соочат на првата и единствена дебата на овогодишните избори. Иако анкетите покажуваат поголема наклонетост кон демократите, сепак, Вирџинија се смета за држава во која и двете партии имаат приближно исто ниво на поддршка од страна на гласачите и токму поради тоа може да биде одлучувачка во крајниот резултат од изборите. Гласачите во градовите како што е на пример Ричмонд имаат тенденција да бидат демократски. Во руралните средини, како Фармвил, се поконзервативни. Фармвил, се наоѓа на еден час оддалеченост од родниот град на Кејн – Ричмонд, разновиден, продемократски град кој претходно го избра токму него за градоначалник. Но, гласачите во Фармвил и во другите рурални области во Вирџинија гласаат врз основа на работата. И покрај тоа што Кејн е нивниот сенатор и долгогодишен сограѓанин, сепак фрлаат поглед и кон Трамп. Некои од гласачите не очекуваат многу ниту од едната, ниту од другата страна. „Се е хаотично, кој и да биде избран ќе го чека тежок пат и ако не успее ќе биде обвинет за се што се случува сега. „Не завидувам на ниту еден од нив“, вели еден од гласачите. На панаѓурот се продаваат и конфередативни знамиња, сепак тие велат дека во прашање е само бизнис. Како и` да е повеќето од гласачите велат дека се уморни од распродавање на државата.
Кој ќе ја добие првата и единствена дебата, меѓу потпретседателските кандидати?