Линкови за пристапност

Хамилтон – најдобар мјузикл


Претставата доби 11 награди Тони, а авторот Лин Мануел Миранда однесе две

Без изненадување бродвејскиот хип-хоп мјузикл „Hamilton“ кој е посветен на Александар Хамилтон, еден од основачките татковци на САД ја освои наградата Тони за најдобар мјузикл, победувајќи ги „Shuffle Along“, „Bright Star“, „Waitress and School of Rock’.

„Hamilton“ беше голем победник на синоќешното доделување со 11 награди Тони, со само една помалку за да се израмни со рекордот за едно шоу, кој го држи „The Producers“ со 12 награди.

Авторот на „Hamilton“ Лин Мануел Миранда кој исто така игра улога во мјузиклот, однесе две награди: за најдобар музички текст и оригинална адаптација.

Сепак Миранда ја загуби титулата најдобар водечки актер во категоријата мјузикл, која му припадна на Весли Одом Џуниор, кој ја игра улогата на Арон Бур, американски потпретседател кој го убива Хамилтон во двобој.

Водител на 70-то годишно доделување на Тони наградите беше актерот и водител, Џејмс Корден, кој го отвори настанот со говор посветен на грозоморното масовно убиство во Орландо, во кое загинаа најмалку 50 лица.

„Нашите срца се со оние кои беа погодени од оваа ѕверство“ кажа Корден „Омразата никогаш нема да победи. Заеднички, ние ќе го осигуриме тоа. Вечерашното шоу стои како симбол и прослава на тој принцип“

„The Humans“ приказна за нефункционално семејство ја освои круната за најдобра драма. Џејни Худишел која е на њујоршката сцена веќе 40 години ја освои нејзината првата Тони награда во улогата на зборлива мајка во „The Humans“

Други актери, ветерани исто така добија награди: Џесика Ланг за најдобра водечка женска улога во „Long Day's Journey into Night“ и Франк Лангела за неговата главна улога во „The Father“.

„Hamilton“ и 38 те нови продукции сезонава му помогнаа на Бродвеј да продаде рекорден број на билети -13,3 милиони.

„The Color Purple“ ја освои наградата за најдобар обработен мјузикл, додека „ A View from the Bridge“ ја освои наградата за најдобро преработена драма.

Најдобра женска улога во мјузикл и припадна на Синтија Ериво за „The Color Purple“.

XS
SM
MD
LG