Линкови за пристапност

Причини за радикализацијата на Балканот


Ранливите институции, немањето можности, и странските влијанија се дел од факторите

Многу патишта водат до радикализацијата. Иако факторите се различни од земја до земја, и од личност до личност, некои сличности можат да бидат најдени кај земјите од Западниот Балкан, како Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија. Од ранливи институции и немањето на можности до странски пари и влијание.

Европа беше силно погодена од исламистичките напади во Франција и Белгија, но исто така постои загриженост за мнозинските муслимански нации на Западниот Балкан.

Адријан Штуни пишува за феноменот на радикализацијата на Западниот Балкан. Тој вели дека загрижува големиот број на борци кои одат во Сирија и Ирак.

„Има многу лица кои заминуваат и кои се радикализирани од нивните врсници. Тие се радикализирани од нивните пријатели, нивните блиски, нивните браќа и така на така“

Од почетокот на 2011-та околу 1000 борци од Западниот Балкан се приклучиле на исламистичките милитантни групи.

Радикализацијата исто така може да биде поттикната од немањето фокус на економскиот и социјалниот развој, вели помошник директорот на УСАИД за Европа и Евроазија, Томас Мелиа.

Кај некои заедници тој спомнува и друг фактор.

„Некои меѓународни влијанија ги насочија луѓето во погрешен правец, радикализирајќи ги и насочувајќи ги кон поекстремен поглед на исламот. Сме го виделе тоа во неколку земји, Албанија и посебно на Косово и во делови на Босна“

Неодамнешен извештај на „Њујорк Тајмс“ наведува дека саудиските пари и влијание во Косово ја трансформирале некогаш толерантната муслиманска заедница, со нивни зборови кажано во „извор на исламски екстремизам и џихадисти“ преку ширењето на вахабизмот, конзервативен поглед на исламот кој доаѓа од Саудиска Арабија.

Косово и другите држави веќе преземаа мерки во борбата со бранот на исламскиот радикализам, но Штуни вели дека заедниците во регионот се се` уште се многу ранливи.

„Да се соочиме целосно. На Западниот Балкан условите воопшто, социо-економските или политичките не се идеални. Така да тие создаваат средина која е погодна за радикализација.“

Претставникот на УСАИД, Мелиа вели дека напорите треба да бидат кон промена на оваа средина, промена кон подобра економска состојба, поголеми можности, и чувство дека владата не тежнее кон корупција и се грижи за развој на општеството воопшто.

„Тоа е во согласност со нашата развојна агенда, и тоа станува уште поважно во моментов.“

Прашањето дополнително го искомплицира европската мигрантска криза. Балканската рута е една од главните патишта до Западна Европа и Европската Унија која е притисната од луѓето кои бегаат од војните има се` помалку ресурси да се справува со останатите балкански проблеми.

XS
SM
MD
LG