Селективната распределба на државното рекламирање во Македонија било искористено за да се контролираат и замолчат медиумите, стои во најновиот „Индекс за слободата на медиумите во светот, 2016-та“ објавен од страна на Репортери без граници.
Клевета била отстранета од Кривичниот законик во 2012 година, но обвиненијата се заменети со граѓански судски процеси кои даваат можност за тешки парични и затворски казни за новинарите и сопствениците на медиуми, стои во делот за Македонија.
Од крајот на 2014 година биле поднесени најмалку 580 тужби за клевета, а неколку десетици од нив биле против новинарите. Како резултат на тоа, според анкета на Македонскиот синдикат на новинари и медиумски работници повеќе од половина од новинарите во земјата се цензурираат самите себеси.
Повеќето од светските промени регистрирани во „Индексот за слободата на медиумите во светот во 2016-та“ укажуваат на клима на страв и напнатост, комбинирана со зголемување на контролата врз редакциите од страна на владите и приватниот сектор.
Индексот рангира 180 земји според нивото на слободата на медиумите, а исто така се рангирани и поедини регион.
Регионот на Европа со 19,8 поени се уште има најслободни медиуми во светот, потоа следи Африка со 36,9 проценти и за прв пат успеа да ја надмине Јужна и Централна Америка која има 37,1 поени и е регион каде насилството врз новинарите е во пораст. Азија има 43,8 поени, Источна Европа и Централна Азија е со 48,4 поени и најлошо рангирана е Северна Африка и Блискиот Исток со 50,8 поени. Регион каде што новинарите се подложни на најголеми ограничувањата.
Во регионот на Европа, Индексот го потврди трендот согледан во минатогодишниот извештај - прогресивна ерозија на европскиот модел. Контраразузнавањето и мерките за борба против тероризмот се злоупотребуваат и се донесуваат закони кои овозможуваат масовен надзор.
Најспектакуларен пад е забележан кај Полска, на 47 место, 29 места подолу. Пред се, како резултат на декларирана цел за враќање во домашна сопственост на полските медиуми кои се во странска сопственост. Но исто така и поради законот донесен во почетокот на 2016 година, кој има овозможува на Владата да вработува и отпушта вработени во Националната радио и телевизија.
Бугарија се најде на 113 место, подолу за 7 места од мината година, најнизок ранг во Европската унија, пред се поради тоа што политичарите и интересни групи ги контролираат поголемиот дел од медиумите во земјата.