Линкови за пристапност

Нови американски трупи во Ирак


САД го засилуваат военото присуство во Ирак со околу 200 дополнителни војници, додека безбедносните сили на земјата се борат да го заземат северниот град Мосул кој во изминатите две години е контролиран од страна на Исламската држава.

Одлуката беше соопштена за време на посетата на секретарот за одбрана Ештон Картер на Багдад.

Бројот на американски војници во Ирак ќе изнесува над 4.000, најголем број по повлекувањето во 2011-та година.

Во понеделникот претседателот Обама за телевизиската мрежа Си-Би-Ес кажа дека тоа ја одразува растечката способноста на ирачките сили да се спротивстават на милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG