Јужнокорејски медиуми соопштија дека Северна Кореја истрела балистички проектили во близина на источниот брег на земјата, еден од низата тестови годинава кои ги зголемија тензиите меѓу Пјонгјанг, Сеул и западните сојузници на Јужна Кореја.
Јужнокорејската новинска агенција Јонхап соопшти дека проектилите земја - воздух биле лансирани во Јапонското море во петокот напладне. Министерството за одбрана на Јужна Кореја го потврди ваквиот извештај за француска новинска агенција, но рече дека опсегот и прецизната траекторија на ракетите не може да се потврди.