Линкови за пристапност

Историски пресврт во Мјанмар


Седумдесет годишниот Хтин Кјав положи свечена заклетва на функцијата за време на куса церемонија која се одржа пред заедничката седница на парламентот. Тој вети лојалност кон „обединетата република Мјанмар“. Двајцата потпретседатели на земјата, Мјинт Сви и Хенри Ван Тио положија свечена заклетва заедно Хтин Кјав.

Инаугурацијата Хтин Кјав формално го одбележа крајот на целосната или делумната воената власт во Мјанмар која датира од 1962 година. Тој го наследи поранешниот генерал Теин Сеин кој дојде на власт во 2011 година кога хунтата ја предаде власта на квази цивилна влада која спроведе политички и економски реформи.

Во својот инагуративен говор новиот претседател вети дека ќе се промени сегашниот Устав кој целосно ќе ги прифати демократските стандарди. Новиот Устав предложен од војската предвидува 25 проценти од сите пратенички места да и припаѓаат на армијата исто како и клучните министерски места за внатрешни работи и за одбрана.

XS
SM
MD
LG