Линкови за пристапност

ЕУ за враќањето на мигрантите во Турција


Контроверзниот план е мета на критика од групи за човекови права и пречекан со резерва од некои држави

Лидерите на ЕУ за време на дводневниот самит во Брисел, се очекува да го финализираат договорот со Турција во однос на мигрантите. На агендата е контроверзниот план за враќање на десетици илјади назад во Турција, за да се намали товарот за земјите од источниот дел на Унијата.

За секој недокументиран мигрант што ќе го прифати Турција, ЕУ соопшти дека ќе прифати еден сириски бегалец од Турција. ЕУ вели дека е подготвена да прифати околу 70.000 бегалци, коишто потоа ќе бидат прераспределени во Европа во процес под надзор на Агенцијата за бегалци на ОН.

Но, групите за заштита на човекови права се загрижени за турските стандарди за политички азил, како и неодамнешната контрола врз медиумите и насилниот конфликт со турските бунтовници.

Неколку земји на ЕУ се резервирани околу договорот. Со него Турција ќе има можност за приближување кон членство во Унијата, вклучувајќи ги и патувањата без ограничувања за турските граѓани во европската Шенгенска зона. Франција и неколку други земји од Европа се противат на мерката.

XS
SM
MD
LG