Линкови за пристапност

Флотус, не Потус


Првата дама Мишел Обама стави крај на идејата дека таа може да има идни претседателски амбиции.

Зборувајќи на годишниот фестивал на јужна и југозападна музика во Остин Тексас, Обама кажа дека нема намера да се кандидира за претседател на САД.

„Има толку многу начини да се влијае на светот. Не треба да сте претседател на САД да правите убави и чудесни работи“, рече Обама на фестивалската панел дискусија за зголемување на моќта на жените, според Ројтерс.

Или уште поконкретно, 52-годишната прва дама кажа „Јас нема да се кандидирам за претседател.“

XS
SM
MD
LG