Глас на Америка: Зошто политичкото учество на жените е важно за политичкиот процес?
Сара Беди: НДИ работи на промовирање на политичкото учество на жените во целиот свет заедно со партнерите од граѓанското општество и политичките партии, и тоа од неколку причини. Пред се`, сите членови од општеството треба да учествуваат во политичкиот процес, а жените се очигледно голем дел од секое општество. Но исто така и од причина што жените имаат посебни способности без разлика дали се пратенички, градоначалнички или министри. Ние согледавме, а и меѓународните истражувачи забележуваат дека жените од целиот свет се со поголема веројатност да работат со колеги од другата страна на политичкиот спектар и со пратеници од други политички партии отколку нивните машки колеги. Жените избрани на функцијата во просек ја намалуваат корупцијата и жените се со поголема веројатност да се одговорни пред гласачите од нивните машки колеги. Од овие причини мислиме дека демократското учество на жените има силен придонес за демократијата и важно е жените да учествуваат поеднаково.
Глас на Америка: Какво е јавното мислење во Македонија за рамноправното полово учество?
Сара Беди: Досега имаше голем број истражувања на јавното мислење и од националните анкети се гледа дека поголемиот дел од Македонците не го сметаат полот како фактор при избор во гласањето. На неодамнешна национална анкета запрашавме: Дали би гласале за градоначалник жена? Знаеме дека нема доволна застапеност на жени градоначалнички во Македонија. 91% од граѓаните изјавиле дека би гласале за жена градоначалник. Не постои пречка политичките партии да номинираат жени во таа улога и ние работиме со политички партии во земјата кои се заинтересирани за зголемување на рамноправното родово учество.
Глас на Америка: Што поточно НДИ прави рамноправното родово учество?
Сара Беди: Соработуваме со голем број на партнери. Во парламентот работиме со жените парламентарки да земат учество во Женскиот парламентарен клуб. Ја поддржуваме организацијата во воспоставувањето на годишна законодавната агенда. Женскиот парламентарен клуб е организација која се избори за родовата квота и има успех не само на тоа поле туку и во законодавството воопшто. НДИ ќе продолжи со поддршката на таа организација. Ние исто така соработуваме со 16 различни политички партии да помогнеме во обука на жени лидери на претстојните избори. Така, неодамна имавме обука во Охрид за 91 жена од 16 политички партии за да ги унапредат своите лидерски вештини.
Глас на Америка: Имајќи ги во предвид вашите напори, што може да се стори да се подбори меѓу партиската соработка?
Сара Беди: Врз основа на меѓународните истражувања е поверојатно жените законодавци на пример да работат меѓу партиски во споредба со нивните машки колеги. НДИ работи со партии и групи на жени низ целиот свет. На пример во Шри Ланка, за да се воспостават демократски приоритети во земјата, да се прошират партиските линии, и потоа да се унапреди демократијата, што ќе биде од корист за целата земја. Нашите искуства се дека жените од повеќе партии се во можност да постигнат повеќе демократски цели, а тоа може да биде случај и во Македонија.
Глас на Америка: Мислите ли дека обуката која НДИ ја спроведе во декември ќе има одраз на претстојните избори?
Сара Беди: Она што го согледавме во минатото е дека кога жените од различни политички партии контактираат и се во можност да поминат извесно време заедно, како што беше случајот во Охрид, тие изградуваат работни односи. Во иднина кога тие ќе работат на кампањи, во советите на општините или како пратеници, тие имаат веќе воспоставено работен однос и имаат колегијални односи, што ќе доведе до донесување на законски одредби или соработка во иднина. Веќе слушнавме од учесничките на обуката дека тие ги ценат состаноците со жените од другите партии, слушаат за нивните ставови и разговараат за колективни цели. Се надеваме дека во иднина тоа ќе се преслика и во политиката.