Линкови за пристапност

Предизборна полемика


Во Македонија медиумите и експертската јавност полемизираат околу тоа дали државата е подготвена да организира фер и демократски изборен процес на 24 април.

Се чека на анализата на меѓународните фактори кои треба да одлучат дали ќе дадат легитимитет изборите да бидат одржани на овој датум или ќе побараат потписниците на договорот од Пржино да постигнат нов договор за датумот на изборите

ЕУ и САД како покровители на договор од Пржино најавија дека кон 20 февруари ќе го соопштат својот став за тоа дали Македонија е подготвена да организира фер и демократски изборен процес на 24 април. Својот став меѓународните фактори ќе го изградат врз база на темелна анализа чија изработка е во тек. Критериумите според кои се работи оваа анализа се: прочистувањето на избирачките списоци, односот на политичките лидери во насока на градење на атмосфера на доверба како и односот на медиумите во насока на застапеноста на политичките опции.

Во јавноста околу тоа што ќе препорача меѓународната заедница ставовите и мислењата се поделени. Според професорот Љубомир Фрчковски меѓународната заедница ќе предложи нов договор меѓу политичките лидери за усогласување на нов датум за изборите.

Од своја страна аналитичарот Владимир Божиновски не гледа никаква пречка меѓународните фактори во најавената анализа да дадат легитимитет за одржувањето на изборите на 24 април.

Во меѓувреме беше постигнат договор околу методологијата на прочистувањето на избирачкиот список. Последниот камен на сопнување е договорот кој потписниците на „Пржино“ треба да го усогласат за да се обезбеди медиумски амбиент за фер и демократски изборен натпревар на изборите.

XS
SM
MD
LG