Линкови за пристапност

„Окупацијата“ на Националниот парк во Орегон привршува


Се чини дека е при крај речиси едномесечната окупација на природен резерват во северозападната американската сојузна држава Орегон. ФБИ и сојузната полиција соопштија дека двајца членови на групата, Двејн Лео Елмер и Дилан Вејд Андерсон, биле уапсени вчера кога го напуштиле резерватот. Трето лице било уапсен неколку часа подоцна. Властите велат дека биле во контакт со нив во текот на денот, и дека тие одбрале да се предадат.

Апсењата се случија еден ден откако водачот на групата, Амон Банди и седуммина негови следбеници беа уапсени на контролен пункт поставен на автопат додека се упатувале на локален настан. Ранчерот од Аризона Роберт Финикум загина во престрелка со властите.

По првото појавување пред судот по неговото апсење, преку неговиот адвокат Банди побарал од останатите од групата да го напушат националниот парк.

Властите велат дека сите уапсени ќе бидат обвинети за заговор за „попречување на властите на САД во извршување на нивните службени должности, преку употреба на сила, заплашување и закани.“

XS
SM
MD
LG