Линкови за пристапност

Обама: Извршната одредба за контрола на оружјето е уставна


Обама на јавен собир ја бранеше иницијативата за контрола на оружјето како чекор кон спасување на животи

Претседателот Барак Обама кажа дека моќната група која го застапува правото на поседување оружје, Националната асоцијација за оружје (НРА) се обидува да го попречи во намера.

Обама изјави дека Националната асоцијација за оружје се обидува да прикаже дека станува збор за „заговор“ на федералната влада да одземе нечие оружје.

„Ги почитувам луѓето кои имаат оружје за самоодбрана, за лов, за спортување. Но, сите ние се согласуваме дека треба да сториме се што можеме за да го држиме оружјето подалеку од рацете на луѓето кои се обидуваат да им наштетат на другите,“ кажа Обама.

Претседателот рече дека законските недостатоци во сегашниот систем не спречуваат некој без безбедносна проверка да купи оружје во една држава и да го препродаде за пари.

На јавниот собир тој беше опкружен со жртви на вооружено насилство и нивните семејства.

XS
SM
MD
LG