Линкови за пристапност

Нови правила за оружје во САД


Американскиот претседател Барак Обама објави серија на „здраворазумски“ мерки со цел да се намали оруженото насилство во нацијата

Обама ја објави новата политика во говор во Белата куќа, при што ги критикување законодавците за неуспехот да донесат построги мерки за контрола на оружјето, и покрај бранот на масовни убиства кои се случија во изминатиов период, заобиколувајќи го Конгресот по прашањето кое остро ја подели американската јавност.

„Ние сме единствена развиена земја во светот во која се случува таков вид на масовно насилство со таква зачестеност“, рече Обама кој беше опкружен со роднини на жртвите од неодамнешните напади со оружје.

„Луѓето умираат. И постојаното изнаоѓање на изговори за пасивноста веќе не се доволни“, рече тој. „Тоа е причината зошто сме тука денеска: не да разговараме за последното масовно убиство, туку да спречиме следно“, изјави првиот човек на САД.

Извршните одредби бараат повеќе продавачи на оружје да добијат лиценци и повеќе купувачи да бидат подложени на безбедносни проверки. Мерките ќе ги заострат постојните закони за поседување оружје, ќе ги зголемат третманите за менталното здравје, и ќе се прошират истражувањата на технологија за побезбедно оружје.


„Свесни сме дека не можеме да го сопреме секој акт на насилство, секое злосторство во светот. Но можеме да спречиме еден чин на насилство", рече Обама кој на моменти ги покажа своите емоции.

Во еден момент, со насолзени очи, потсети на дваесетте деца и шест други лица кои беа убиени во инцидентот во 2012-та во основното училиште во Њутаун, Конектикат.

„Секој пат кога размислувам за овие деца, тоа ме разлутува“, истакна Обама.

Тој исто така ги отфрли критиките дека ограничувањето е неуставен акт и дека поседувањето на оружје е уставно гарантирано право, велејќи дека „ова не е заговор да се одземе оружјето од секого.“

Обама пред неколку месеци изјави дека бара едностран начин да го намали оруженото насилство без да мора да оди преку Конгресот кој е под контрола на републиканците и кои порано го отфрли неговиот поамбициозен предлог за контрола на оружјето.

Тој рече дека новите правила добро се совпаѓаат „и се во рамка" со неговите законски овластувања како претседател на САД.

XS
SM
MD
LG