Линкови за пристапност

Марк Зукерберг: робот кој ќе помага дома и на работа


Основачот на Фејсбук, вели дека неговото новогодишно ветување е да направи компјутеризиран робот

„Мојот личен предизвик за 2016-та е да конструирам едноставен робот, со вештачка интелигенција (АИ) за да ги врши домашните работи и да ми помага во работата“, напиша тој во еден од постовите на својата Фејсбук страница.

Можете да замислите, како Џарвис во Железен човек", изјави Марк Зукерберг.

Тој најави ќе започне со "истражувањето" на технологијата која веќе стои на располагање.

„Ќе започнам да го учам да го разбира мојот глас, да контролира се` што е во нашиот дом - музиката, светлата, температурата и така натаму“, пишува тој. „Јас ќе го научам да им ја отвора вратата на пријателите кога ќе ги види нивните лица кога ѕвонат на вратата“, изјави Зукерберг.

Тој додаде дека ќе ја користи вештачката интелигенција за да им помогне во грижата за новороденото бебе, Макс.

„Јас ќе го научам да ми соопшти ако нешто се случува во собата на Макс, ако јас треба да проверам што се случува.“, изјави основачот на Фејсбук.

Некои други водечки научници како Стивен Хокинг и Елон Муск изразија стравување од платформите на вештачка интелигенција, велејќи дека таа може да се сврти против луѓето.

Марк Зукерберг одговори на овие стравувања.

„Мислам дека можеме да изградиме вештачка интелигенција што ќе работи за нас и ќе ни помага“, напиша тој: „Некои луѓе се плашат од тоа дека вештачката интелигенција е огромна опасност, но мене ми се чини дека тоа е нереално и помалку веројатно од катастрофите како епидемии, насилство и слично."

XS
SM
MD
LG