За мигрантите и бегалците кои минуваат низ Медитеранот во обид да стигнат до Европа, според Светската организација за миграција, 2015-та била најсмртносна година досега.
Се верува дека загинале преку 3.770 лица за време на патештествието, споредено со 3.270-те во 2014-та.
Најсмртоносниот месец за мигрантите беше април, кога животот го загубија 1.250 мигранти. 800 од нив загинаа кога преполн брод се преврте во Медитеранското Море долж либиското крајбрежје.
„Шокантно е и неоправдано, што очајните мигранти и бегалци годинава ги загубија животите во рекорден број, а не требаше тоа да се случи“, изјави Генералниот директор на Светската организација за миграција, Лејси Свинг.
„Меѓународната заедница мора веднаш да реагира за да го спречи овој тренд против очајните мигранти“. Светската организација за миграција проценува дека во глобални рамки во 2015-та загинале преку 5.350 мигранти. Свинг додаде дека меѓународната заедница треба да ја промени „токсичната реторика за миграцијата“, во таква којашто ќе биде историски точна или поинаку, дека миграцијата е неверојатно позитивен тренд.