Воздушни напади во Сирија ја ставија Русија во центарот на глобалните напори за справување со тероризмот, бегалците и постигнувањето на мировен договор со Дамаск. Потребата за помош од Кремљ во Москва беше протолкувано како победа која стави крај на дипломатската изолација по активностите во Украина. Виктор Мизин од Московскиот државен институт за меѓународни односи:
„Јас би рекол дека постои општо чувство меѓу политичките и воените елити дека Русија сега има предност во однос на Западот, и дека земјата ја наметнува својата агенда.“
Русија вели дека бомбардира терористи, но е обвинета за целење главно на умерените бунтовници кои се борат против нејзиниот сојузник, сирискиот претседател Башар ал-Асад. Сепак воената авантура на Путин се покажа скапа.
Терористите од Исламската држава ја презедоа одговорноста за уривањето на рускиот авион полн со туристи во знак на одмазда. Александар Баунов од Карнеги центарот од Москва вели:
„Ја зголеми опасноста од терористички напади против Русите насекаде во светот, па и во самата Русија.“
Турција собори руски воен авион долж својата граница, а односите паднаа на ниско ниво што го зголемија ризикот од поширок конфликт.
Додека демонстрацијата на моќ стои добро дома, живот во Русија е се потежок во време кога економијата паѓа.
Постојаното опаѓање на крајот ќе ја намали поддршката за Путин, чиј рејтинг и понатаму е на рекордно високо ниво, како резултат на она што во Русија се смета за големо политичко достигнувања, вели Баунов.