Линкови за пристапност

Укинување на бакшишот во ресторани


Стариот американски обичај што збунува многу туристи може да исчезне во Њујорк

Давањето на келнерот или келнерката дополнителни 10, 20 или 30 проценти од сумата на сметката, е обичај што збунува многу посетители на Америка, но тоа може да се промени.

Популарна група на ресторани во Њујорк ја укинува оваа пракса и во замена вели дека ќе им понуди на своите вработени фер плата, за да не зависат од бакшиш.

Дани Мејер, сопственик на 13 ресторани во Њујорк, вели дека во неговите ресторани бакшиш нема да биде дозволен од следната година, објаснувајќи дека праксата е неправедна за сите вработени.

„Ние веруваме дека угостителството е тимска работа и дека е потребно ангажирање на целиот тим за гостинот да го доживее она што се очекува од нас“, изјави тој. „За жал, многу од нашите колеги како, готвачите, лицата што примаат резервации, мијачите на садови и уште некои други, не се во можност да се во контакт со гостите и покрај тоа што нивниот придонес е исто така важен.“

Мејер не е првиот што укинува бакшиш. Некои елитни ресторани веќе ја имаат исфрлено оваа пракса.

Ако доволен број истакнати ресторани би се откажале, може и други угостители да го следат примерот, велат аналитичарите.

Вработените во оваа индустрија бараат покачување на минималната дневница и во државата Њујорк планираат да бидат загарантирани минимум 15 долари на саат.

XS
SM
MD
LG