Линкови за пристапност

Писториус излегува од затвор


Остатокот од казната тој ќе ја служи во домашен затвор

По јужноафриканскиот „судски процес на столетието“ внимателно се следи и отпуштањето од затвор на Оскар Писториус по отслужување на 10 месеци од казната.

Спортистот, кој влезе во историјата како прв човек со две ампутирани нозе да се натпреварува на Олимпијада, отслужи минимално време од петгодишната казна за убиство.

Беше осуден за убиство на неговата девојка во 2013 година, во неговиот дом во Преторија.

Тој тврдеше дека верувал оти во бањата има натрапник, кога испукал четири куршуми низ заклучената врата, убивајќи ја Рива Стинкамп.Судењето се одолговлече повеќе од две години и го привлече вниманието на целиот свет.

Тој сега ќе биде затвореник во куќата на неговиот чичко, во богато предградие на Преторија.

Но, тој е се` уште далеку е финишот на оваа сага.

Се` уште се соочува со жалба од обвинителите, кои тврдат дека требало да биде осуден за убиство со умисла.

Забрането му е натпреварување на меѓународни натпревари додека ја издржува казната.

И, до крајот на неговиот живот ќе го следи сенката на таа ужасна ноќ.

XS
SM
MD
LG