Кинеската централна банка ја девалуираше својата валута во вторник, како што рече, потег што се случува еднаш, за да ги направи стапките повеќе пазарно ориентирани.
На јуанот му е дозволено да флуктуира два проценти над или под централниот поен што се одредува дневно од Народната банка на Кина. Таа банка на намали централната стапка за 1,9 проценти како резултат на промената за која вели дека ќе ја засили „пазарната ориентација и статус на стандард на централен паритет“.
Започнувајќи во вторник, Банката кажа дека централниот поен ќе биде одраз на цената на затварање во претходниот ден „поврзано со ситуацијата на побарувачка и понуда на странските берзи и стапката на размена на другите поголеми валути“.
Паѓањето на јуанот ќе го направи кинескиот извоз поевтин во странство. Потегот од вторник уследи по соопштението дека во јули извозот паднал за повеќе од 8 проценти од истото време минатата година.