Линкови за пристапност

Оставка на раководителката на владината персонална канцеларија


Причина за повлекувањето е хакерскиот упад што инволвира 21,5 милиони луѓе

Шефицата на персоналната канцеларија на американската влада неочекувано даде оставка во петок, попуштајќи пред многубројните повици да замине од функцијата по масивниот упад во датата на податоци додека таа била на чело.

Катерина Арчулета, директорка на федералната Канцеларија за менаџмент на персоналот, ја поднела оставката до претседателот Барак Обама во петок утрото, кажа Белата куќа.

Таа привремено ќе биде заменета со заменичката во агенцијата, Бет Коберт, која стапува на функцијата во сабота.

Канцеларијата во четврток кажа дека хакерите украле чувствителни информации кои инволвираат 21,5 милиони луѓе.

XS
SM
MD
LG