Уште еден републиканец влезе во трката за претседател на САД во 2016-та.
Милијардерот и магнат во индустријата за недвижнини Доналд Трамп ја соопшти кандидатурата во неговиот облакодер во Њујорк во вторникот.
Нарекувајќи ја сегашната група вашингтонски политичари „глупави“ и „губитници“, Трамп кажа дека таканаречениот Американски сон е мртов.
„Но ако јас бидам избран за претседател, јас ќе го вратам поголем и подобар, и посилен од кога било порано и ќе ја направиме повторно Америка голема нација“.
Трамп кажа дека неговата бизнис експертиза ќе ги врати американските работни места назад во САД од странство. Тој исто така кажа дека ќе биде цврст во однос на тероризмот, одбраната и имиграцијата.
Аналитичарите на Трамп му даваат малку шанси дека ќе ја добие номинацијата.