Линкови за пристапност

Американските законодавци остро ја критикуваа владината агенција за вработување


Повод за распитот во комисијата што врши надзор над ОПМ беше масивниот кибернетски напад на податоци на владин персонал.

Американските законодавци остро ги критикуваа владините претставници за вработување и технологија во вторникот за неспречувањето на кибернетскиот напад што компромитираше лични информации на на најмалку 4,2 милиони сегашни и поранешни федерални работници, но најверојатно и на милиони други.

„Вие целосно потфрливте, и` кажа конгресменот Џејсон Чафец на Катарина Арчулета, шефица на владината агенција за вработување, Канцеларијата за менаџмент на персоналот, или ОПМ.

Чафец, претседавач на на Комисијата за надзор во Претставничкиот дом, кажа „ОПМ била поставена така да сите врати и прозорци во куќата биле отворени, а вие сте очекувале никој да не влезе и да земе информација“.

Чафец бараше да знае зошто личните информации на вработените во владата и владините пензионери не биле шифрирани откако надзорното тело на агенцијата предупредило минатата година дека е ранлива на кибернетски напад.

Арчулета одговорила „Тоа не е можно во системи што се премногу стари“.

Таа кажа дека американските технолошки системи се под постојан напад од странски влади, криминалци и бизнис интереси.

„Овие непријатели се софистицирани, добро финансирани и фокусирани“, рече Арчулета. „Овие напади нема да престанат. Напротив, ќе се зголемат“.

Последниве две недели, САД идентификуваа два кибернетски напади на владини податоци за вработените, велејќи дека тие се случиле во текот на последните неколку месеци, а можеби започнале и многу порано. Некои официјални лица ги обвинуваат кинеските државни интереси за нападот, но официјално за нападите истрагата се` уште трае. Кине негираше инволвираност.

Арчулета на членовите на Конгресот им кажа дека за деталите и обемот на нападот ќе дискутира само зад затворени врати , во класифицирана поставеност.

XS
SM
MD
LG