Линкови за пристапност

Самоубиствен бомбаш нападнал шиитска џамија во Саудиска Арабија


Вакви напади се ретки во оваа држава иако дели долга граница со Јемен и Ирак.

Бомбаш-самоубиец детонирал експлозив во внатрешноста на шиитска џамија во источна Саудиска Арабија во петок, убивајќи или ранувајќи десетици лица.

Експлозијата се случила за време на попладневните молитви во џамијата Имам Али во Катиф, управна област на источниот брег од претежно сунитското муслиманско кралство.

Саудиската државната новинска агенција го потврди нападот.

Никој до овој момент не ја презеде одговорноста за нападот ниту пак има потврда за бројот на жртвите.

Вакви напади се ретки во Саудиска Арабија иако државата има долга заедничка граница со Ирак и со Јемен, каде има големи немири.

Исто така во петокот Исламската држава преку социјалните медиуми ја презеде одговорноста за бомбардирање на шиитска џамија во јеменскиот главен град Саaна при што биле ранети најмалку десет лица.

XS
SM
MD
LG