Линкови за пристапност

Авганистанскиот претседател ќе зборува пред американскиот Конгрес


Претседателот на САД веќе објави дека ќе ги задржи американските трупи во државата до крајот на 2015-та.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани во среда ќе се обрати на заедничка седница на американскиот Конгрес, еден ден по разговорите со претседателот Барак Обама и признавањето дека „многу работа претстои“ во областа на безбедноста на неговата држава.

На заедничка прес конференција по нивната средба во вторникот во Белата куќа, Обама соопшти дека 9.800 американски трупи ќе останат во Авганистан до крајот на годината, ревидирајќи ги своите претходни планови за намалување на таа цифра за половина.

САД ги завршија борбените операции во Авганистан, каде некогаш имаше 130.000 трупи, но Гани побара поголема флексибилност во распоредот на повлекување на американските војници кои се` уште ја обучуваат и советуваат авганистанската армија. И покрај забавувањето на намалувањето на нивото на трупи оваа година, Обама останува определен да остави таму помалку од 1.000 војници до почетокот на 2017.

Гани кажа дека промената ќе биде искористена за „забрзување на реформите, за обезбедување авганистанските сили да бидат подобро предводени, опремени, екипирани, обучени и фокусирани на нивната фундаментална мисија“. Тој исто така ја нагласи потребата за мировен процес предводен од Авганистанци, но кажа дека неговата влада нема да склучи мир со оние кои сакаат да го користат Авганистан „како лансирачка платформа за глобален тероризам“.

Исто така во вторник, авганистанскиот министер за надворешни работи Салахудин Рабани за „ТВ Ашна“ на Гласот на Америка кажа дека „има услови“ за мировни разговори со Талибан и дека владата се надева дека преговорите може да почнат „наредниве денови“.

XS
SM
MD
LG